ФУДБАЛ

Ангеловски: Тоа што е добро нема потреба да се менува

1 November, 2017 - 16:01

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денеска го соопшти списокот на 21 фудбалер за претстојниот пријателски натпревар со Норвешка, што ќе се одигра на 11 ноември во Скопје на „Филип Втори“.

Ангеловски одлучи да не прави многу промени во составот и речиси истите фудбалери што беа дел од националниот тим на последните две средби од мундијалските квалификации против Италија и Лихтенштајн повторно се тука, со исклучок на Елиф Елмас, кој ќе и помага на репрезентацијата до 19 години, а го нема ниту Адис Јаховиќ, кој пак претходно самиот се откажа од националниот дрес преку социјалните мрежи разочаран од фактот дека не добива минутажа во репрезентацијата.

„Нема промени во составот во однос на претходните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Сметам дека тоа што функционираше одлично и што ни донесе резултат не треба да го менуваме. На 11. ноември нѐ очекува квалитетен тест натпревар против репрезентација која во минатото не сме ја победиле. Норвешка негува типичен скандинавски стил на игра, аргесивен, со многу дуели, а ги предводи Лагербег кој направи фудбалско чудо со Исланд. Се надевам дека на најдобар начин ќе се спротивставиме и ќе го продолжиме трендот на позитивни резултати“, изјави Ангеловски.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРИ
Голмани: 

Столе Димитриевски (Настик Тарагона)

Давид Митов Нилсен (Норчепинг)

Одбрана:

Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон)

Кире Ристевски (Вашаш)

Кристијан Тошевски (Пелистер)

Дарко Велковски (Вардар)

Ѓоко Зајков (Шарлоа)

Висар Муслиу (Вардар)

Среден ред:

Стефан Спировски (Ференцварош)

Ферхан Хасани (Шкендија)

Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед)

Енис Барди (Леванте)

Љупчо Дориев (Академија Пандев)

Никола Ѓорѓев (Твенте)

Аријан Адеми (Динамо Загреб)

Марјан Радески (Шкендија)

Напад:

Горан Пандев (Џенова)

Илија Несторовски (Палермо)

Александар Трајковски (Палермо)

Иван Тричковски (АЕК Ларнака) 

 

Веста е прочитана 374 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.