КОШАРКА

АБА ЛИГА:КАРПОШ С. ГО ПОБЕДИ МОРНАР

31 December, 2016 - 13:54

Карпош Соколи со триумф над Морнар од 75-63 во меч од АБА лигата ја затворија 2016 година.Македонската екипа го искористи домашниот терен во салата Борис Трајковски  и го забележа петтиот триумф во регионалната конкуренција.Клучна беше првата четвртина каде Карпош Соколи му побегнаа на гостинот  од Бар на високи 24-11.Во продолжение, со доминантна игра во скокот,домашниот тим успеа да ја одржи предноста.МВП на  мечот беше Кедрик Пери со 17 поени,5 скокови и 6 асистенции.Најефикасни беа Лабовиќ и Мавра кои поделија по 18 коша за победничкиот состав.После 16 натпревар,Карпош Соколи се пробија до 10.место на табелата.Македонскиот шампион МЗТ Скопје во рамки на 16.коло ,на 2. јануари го пречекува хрватскиот првак ,составот на Цедевита.

Веста е прочитана 479 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.