КОШАРКА

АБА ЛИГА: МЗТ ЈА ДЕКЛАСИРАШЕ КРКА

12 February, 2017 - 15:05

МЗТ Скопје  влезе во победнички ритам во АБА лигата.Во мечот од 22.коло во регионална конкуренција,македонскиот шампион ја декласираше словенечка Крка со 89-65.Во  третата победа во низ,македонската екипа имаше одлична скок игра ,агресивен старт и фуриозна последна четвртина што ја доби со 26-12.Џош Скот со 24 поени и 13 скокови беше играч на натпреварот кај МЗТ.После осмиот  триумф ,македонскиот првак се оддалечи од опасната  зона и се проби до 9.место на табелата.Во наредното коло,МЗТ гостува кај ФМП.

Веста е прочитана 813 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.