КОШАРКА

АБА ЛИГА: МЗТ ГО ПОБЕДИ СОСТАВОТ НА МЕГА ЛЕКС

28 January, 2017 - 19:52

Кошаркарите на МЗТ по шести пат сезонава  победнички завршија меч во Јадранската АБА лига.Македонскиот шампион  во СЦ Јане Сандански со 75-74 го совлада српскиот состав Мега Лекс.

 

Металците  беа во постојана предност и влегоа со водство од 68-56 во завршната четвртина која неочекува се разви во спортска драма.Гостите од Сремска Митровица изненадија со серија погодоци,МЗТ имаше проблеми со реализацијата  и постигна  само седум поени во завршните десет минути.Откако Клоф и Темс имаа половичен ефект од линијита за слободни  кај МЗТ за изедначување и потоа за предност од 75-74 ,Мега  преку Чанчар  не го искористи последниот напад.Џош Скот со 17 поени и 12 скока беше најдобриот поединец во редовите на МЗТ Скопје По 20  коло, МЗТ Скопје има ист биланс со Мега Лекс и  се искачи на табелата пред Задар и Крка кои имаат меч помалку.  

Веста е прочитана 726 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.