КОШАРКА

АБА ЛИГА: К.СОКОЛИ ЈА ДЕКЛАСИРАА КРКА

18 December, 2016 - 17:52

Составот на Карпош Соколи ја запиша 4.победа во АБА лигата.Во СЦ Борис Трајковски,Екипа од Скопје ја совлада Крка со 83-56  .Домашниот состав  тргна агресивно  и првата четвртина ја заврши со предност од 25-16.До паузата на полувремето,Карпош Соколи додадоа уште пет поени на салдото.Стартот на вториот  дел ги  донесе и најдобрите десет минути на македонскиот претставник во Јадранската  лига.Четвртина која дефинитивно ја отпиша Крка.Во финишот единсвтена непозната беше разликата.Од највисоки 33 поени во 32 минута,Карпош Соколи  финишираше до второта победа по ред,  со плус 27, после конечни 83-56.Лабовиќ со 24 поени беше најефикасен кај домашниот тим со салата Борис Трајковски,Вркиќ постигна 19,Трајковски 12.Во наредното 15.коло , Карпош Соколи гостуваат кај Игокеа.

Веста е прочитана 84 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.