САД, Велика Британија и Франција се уште без конечна одлука за Сирија

Британската Влада и даде подршка на премиеката Тереза Меј да им се придружи на САД и на Франција во планирањето на воена операција како одговор на наводниот хемиски напад во Сирија. Таа синоќа разговарала и со американскиот претседател, Доналд Трамп, со кого се согласиле дека приоритет за западот е да се спречи сириската Влада и понатаму да употребува хемиско оружје. Трамп синоќа исто така одржа состанок со неговиот тим за национална безбедност, кој заврши без конечна одлука за евентуален воен напад. Се разгледуваат повеќе опции и трите земји се убедени дека евентуалната воена операција ќе придонесе кон конечна стабилизација на регионот.

„Мислам дека постои добра шанса да се смират работите на Блискиот исток, отколку да дојде до ексалации“, смета поранешниот директор на ЦИА, Џејмс Вулси.

Москва ги обвини САд, Велика Британија и Франција, дека со заканите за воена интервенција ја кршат повелбата на Обединетите нации. Рускиот амбасадор во ОН смета дека неспорниот приоритет е да се спречи опасноста од војна.

„Не смееме да исклучиме ниту една можност, за жал, бидејќи видовме пораки кои доаѓаат од Вашингтон, тие беа многу воинствени. Тие знаат дека сме таму. Се надевам, посакувам да има дијалог низ соодветните канали за ова, за да се спречат било какви опасни случувања“, вели амбасадорот Василиј Небензија

Претходно високи офицери во руската армија и Министерството за одбрана предупредија дека ќе бидат сопорени сите американски ракети и нивните локации на испалување таргетирани, доколку рускиот пресонал во Сирија се најде под закана. Координацијата меѓу трите западни држави продолжува, додека Организацијата за забрана на употребата на хемиско оружје, соопшти дека нејзини експерти се на пат кон Дума за да го истражат наводниот хемиски напад, кој се заканува да предизвика воен судир меѓу четирите најмоќни армии во светот.

Игор Трајков

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ