РФМ ЈА ИСПЛАТИ ПРЕМИЈАТА ОД 30,000 ЕВРА НА СЕНИОРИТЕ

Ракометната федерација на Македонија соопшти дека е исплатена премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Европското Првенство во Хрватска 2018.

Македонија со две победи против Словенија и Црна Гора и еден нерешен резултат во мечот со Германија, го освои првото место во групата Ц од првата фаза на Европското првенство, обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите 12 и финалното 11 место после поразите од Шпанија,Чешка и Данска во втората фаза.Со пласманот на ЕП 2018 во Хрватска, Македонија обезбеди место во групата на носители во баражот за СП 2019 каде за противник ја доби Романија.Во ждрепката од квалификациите за ЕП во 2020,ЕХФ ја позиционираше Македонија во првата по ранг група.Извлекувањето ќе се одржи на 12 април.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ