Спорт Фудбал

Рајс се реши за трансфер во Арсенал

Деклан Рајс ќе биде една од ѕвездите на летниот преоден рок, а фудбалерот на Вест Хем веќе решил каде ќе ја продолжи кариерата.

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, англискиот репрезентативец по завршувањето на сезоната ќе си замине од Вест Хем, но ќе остане во Лондон бидејќи решил да ја прифати понудата за трансфер во Арсенал.

Рајс со сегашниот клуб има договор до 2024 година и со оглед на фактот дека тој не сака да ја продолжи соработката ќе може да ја смени средината за сума од 100 милиони евра.

Неофицијално Рајс веќе имал контакти со менаџерот на Топчиите, Микел Артета, кој соопштил дека Арсенал е подготвен да го плати бараното обештетување и се очекува тој во текот на летото да ја смени средината.

Покрај Арсенал за Рајс заинтересиран беше Челзи, кој доколку се реализираат најавите ќе мора да бара ново решение за засилување на средниот ред.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Басконија или Виртус Болоња, кој ќе биде ривал на Реал Мадрид во плеј-офот?

Дејан Дејан

Норис на пол-позицијата за спринт трката во Кина

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Бриж по втор пат подобар од ПАОК за пласман во полуфинале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе