Премиерлигашко дерби во ЛШ, Рома се надева на чудо во Барселона (ВИДЕО)

Вечерва Барселона ја пречекува Рома во рамки на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони.

„Римјаните“ немаат убави сеќавања од последното гостување на „Камп Ноу“, бидејќи пред две сезони во групната фаза загубија со 6-1. Во прилог на Рома не оти ниту фактот дека Лионел Меси обожава да игра против италијански екипи и досега има постигнато 12 голови на 18 натпревари.

Вообичаено е дерби во Премиерлигата, но вечерва Ливерпул и Манчестер сити за прв пат ќе играат меѓусебе во европски натпревар. Единствениот пораз сезонава во домашниот шампионат, „граѓаните“ на Пеп Гвардиола го доживеаа токму на „Енфилд роуд“ со 4-3, па вечерва ќе бараат одмазда против „црвените“.

Реал Мадрид можеби дојде до спектакуларна победа од 3-0 против Јувентус во Торино, но овој пат резултатот падна во сенка на спектакуларниот гол на Кристијано Роналдо со ножички. Португалецот постигна два гола во победата на „кралевите“, но вториот во 64-тата минута беше еден од неговите најдобри во кариерата. Дури и домашните навивачи мораа да ја признаат мајсторијата и со громогласен аплауз го поздравија човекот, кој до тој момент добиваше само свирежи. По исклучувањето на Пауло Дибала, беше јасно дека на Јувентус му нема спас, па точка на натпреварот стави Марсело по одличната асистенција на Роналдо. Јувентус сонуваше одмазда за поразот во ланското финале, но веројатно ќе треба да почека за такво нешто можеби следната сезона, бидејќи на реваншот во Мадрид ќе има невозможна мисија за прогрес понатаму.

Баерн Минхен исто така е на чекор до пласман во полуфиналето, откако славеше со 2-1 на гостувањето кај Севилја. Домашните први поведоа со голот на Пабло Сарабија, но потоа самите кумуваа на двата гола во својата мрежа. Прво Хесус Навас си постигна автогол, а потоа и Клеман Ленгле помогна топката да заврши во мрежата на Севилја, по шутот на Тијаго Алкантара.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ