Познат „ол стар“ тимот, признанието МВП за Готфридсон

Во пресрет на големото финале на Европското ракометно првенство во кое за шампионскиот трофеј ќе се борат Шведска и Шпанија, Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави изборот на најдобриот тим на шампионатот.

Во изборот на „Ол-стар“ тимот на ЕП учествуваа и над 10.000 фанови, чии гласови беа 40 проценти во изборот, а останатите 60 проценти во финалниот избор беа гласовите на експертите.

Иако во конкуренција на „Најдобриот тим“ на шампионатот беа и двајцата македонски репрезентативци, Филип Талески и Стојанче Стоилов, сепак тие не се најдоа меѓу седуммината.

Хрватскиот ракометар Јакув Гојун е прогласен за најдобар одбранбен играл, додека признанието за „Најкорисен играч – МВП“ на шампионатот ќе му биде доделено на шведскиот ракометар Џим Готфридсон.

„Ол-стар“ тим на Еуро 2018:

Голман: Винсент Жерар (Франција)

Лево крило: Мануел Штрлек (Хрватска)

Среден бек: Сандер Сагосен (Норвешка)

Лев бек: Микел Хансен (Данска)

Десен бек: Алекс Душебаев (Шпанија)

Десно крило: Феран Соле (Шпанија)

Пикер: Јеспер Нилсен (Шведска)

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ