Одложено судењето за дедото на Тамара

Судењето за дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски кој е обвинет за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, е одложено за 21-ви февруари. Како што соопшти судијката Софија Лаличиќ предметот се наоѓа во Апелациониот суд поради жалба на одбраната на притворот на обвинетиот.

Судијката го прочита одговорот од  Министерството за правда во однос на оспореното вештачење поради изречена лиценца на вештаците. Во одговор министерот  навел дека не е важно кога вештаците побарале продолжување на лиценцата, бидејќи важноста на лиценцата тече откако министерот ќе ја потпише.

Од документацијата на Министерството за правда произлегува дека во периодот кога вештаците ја вештачење психичката состојба на обвинетиот немале активна лиценца.

На судење до присуствуваше и поранешниот министер Тодоров како и двајцата сведоци припадници на неговото обезбедување.

Стојановски на 1 јуни минатата година неколку куршуми испука кон Тодоров, на денот на примопредавање на функцијата.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ