КЛАУС: ЗА УКРАИНСКАТА КРИЗА СЕ ВИНОВНИ САД И ЕУ

23 April, 2014 - 09:36

Според поранешниот претседател на Чешка Вацлав Клаус, ситуацијата во Украина не ја усложнила Русија ниту нејзиниот претседател, Владимир Путин, туку особено Западот предводен од Европската унија (ЕУ) и САД, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што изјави Клаус во интервју за чешката државна телевизија (ЧТ), Украина е премногу сложена и внатрешно раслоена држава и не е во  можност да се изјасни дали сака да се приклони кон Запад или кон Русија.

- Ние од почетокот тврдевме дека со притисок на Украина ќе ја уништите и ќе ја распарчите, упати порака Клаус кон Западот додавајќи дека Украина за својата идна насока треба самата да донесе одлука.

За Клаус, за ескалацијата на ситуацијата во киевскиот Мајдан не е виновна ниту Русија ниту Путин туку Западна Европа, САД и неколку чешки политичари и поддржувачи на таа политика.

- Јас навистина сум среќен што не сум веќе претседател. Не би издржал да бидам тивок и да кажувам како е совршено ова што се случува во Украина и како со другите тоа го одобрувам. Би имал големи проблеми, уште поголеми отколку кога не сакав да ја потпишам Лисабонската спогодба, додаде Клаус. 

Веста е прочитана 66 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.