ПИРАТИ НАПАДНАА ТАНКЕР И ЈА ПРЕТОЧИЈА НАФТАТА

23 April, 2014 - 09:32

За сега непознати пирати синоќа во морскиот теснец Малука, кој се наоѓа меѓу Сингапур, Малезија и Индонезија, пресретнале јапонски танкер и од неговите резервоари украле два милиони литри нафта. Пиратската акција траела пет часа, по што крадците на нафта се повлекле во непознат правец.

Ограбениот брод превезувал пет милиони литри гориво од Сингапур кон Мјанмар. Малезиската и сингапурската полиција соопштија дека преземаат акција за пронаоѓање на пиратите, но потврдија дека, за сега, немаат резултат.

Пиратството во морскиот премин Малука  трае повеќе од половина век. Со мали и брзи бродови пиратите напаѓаат танкери и товарни бродови и најчесто успеваат да избегаат. Активноста на пиратите беше намалена минатата година, но годинава веќе се забележани десетина напади. 

Веста е прочитана 78 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.