ВО КУЌА ВО ЛОНДОН ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА НА ТРИ ДЕЦА

23 April, 2014 - 09:29

Лондонската полиција пронајде три тела на деца во куќа во јужниот дел на градот. Уапсена е 43-годишна жена, за која се верува дека ги убила децата.  Во куќата живеел брачен пар доселен пред половина година од Јужна Африка. Сопругот и најстарото, четврто дете, не беа во куќата, а според полициски извори, тие биле во странство, но се на пат да се вратат дома. 

Портпаролот на полицијата соопшти дека полицијата синоќа добила повик дека на една адреса во Њу Малден пронајдени се тела на три деца, јави Би-Би-Си.

<iframe width="560" height="315" src="//www.youtube.com/embed/VpNvT3CHeGw" frameborder="0" allowfullscreen></iframe>

 

 

Веста е прочитана 94 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.