ГЕРМАНСКАТА ЦРКВА ОБЕСШТЕТИ ЖРТВИ НА СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО

23 April, 2014 - 09:22

Германската Католичка црква веќе исплати обештетување на 1.380 жртви на сексуално насилство, изјави во интервју за францускиот католички весник „Кроа“, епископот на германскиот град Трир, Штефан Акерман. 

- Почнавме процес на обесштетување, од кој корист досега имаат 1.380 жртви. Тоа е уникатен чекор за Германија, изјави Акерман, кој има задача да ги расветли сексуалните злоупотребувања, чие откритие во 2010 година предизвика голем скандал. 

Бројот на малолетните жртви на сексуално насилство, извршено од германски свештеници или верници, не е познат. 

Црквата понуди по пет илјади евра за секоја жртва, но некои сметаат дека таа сума не е доволна. 

Веста е прочитана 92 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.