ФУДБАЛ

МИЛАН ВЛЕГУВА ВО ПОБЕДНИЧКА СЕРИЈА

14 April, 2014 - 09:09

Фудбалерите на Милан  влегоа во победничка серија. Росонерите синоќа со 1:0 ја совладаа Катанија и значително си ги зголемија шансите за обезбедување место во европските купови и следната сезона.

Победничкиот гол за „росо-нерите“ беше дело на Рикардо Монтоливо во 23.минута.

Милан сега има 48 бодови и е на 8.место, или пет бода помалку од Интер кој се наоѓа на позицијата која носи учество во Лига Европа.

На другите завршени натпревари од 33.коло во Серија А постигнати се овие резултати: Болоња – Парма 1:1, Ливорно – Киево 2:4, Верона – Фиорентина 3:5, Торино – Џенова 2:1, Сампдорија – Интер 0:4 и Наполи – Лацио 4:2, Рома – Аталанта 3:1 и Сасуоло – Каљари 1:1.

Вечерва играат Удинезе и Јувентус.

Табела: Јувентус 84 бодови, Рома 79, Наполи 67, Фиорентина 58, Интер 53, Парма 51..

Веста е прочитана 70 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.