СЕРИЈА А

МИЛАН ГО ДОБИ ДЕРБИТО СО ИНТЕР

5 May, 2014 - 09:27

Екипата на Милан го победи градскиот ривал Интер со 1:0 и повторно се вклучи во трката за излез во евро-куповите. Победата на „миланезите“ на синоќешното дерби им ја донесе Де Јонг со голот во 64.минута.

Резултати на другите завршени дуели од 36.коло во Серија А: Катанија - Рома 4:1, Киево - Торино 0:1, Џенова - Болоња 0:0, Парма - Сампдорија 2:0 и Удинезе - Ливорно 5:3.

Вечерва играат Лацио - Верона и Јувентус - Аталанта, додека дуелите на финалистите од националниот куп: Фиорентина - Сасуоло и Наполи - Каљари се играат утре.

Табела: Јувентус 93 бодови, Рома 85, Наполи 69, Фиорентина 61, Интер 57, Торино 55, Парма 54, Милан 54, 

Веста е прочитана 107 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.