Николоски: Очигледно дека не се работело добро кај Архивот, треба да се преиспита одговорноста кај изведувачот

Вечерва гостин во Ноќно студио беше потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Очигледно не се работело добро, и треба да се преиспита одговорноста кај изведувачот“, кажа Николоски околу состојбите во Архивот.

Околу политичката одговорност, кажа дека не може да се има околу изведувачот, таа одговорност се однесува на тоа дали некој нешто изградил или не.

„ДПМНЕ сакаше да испрати една симболична порака со партиската турнеја почнувајќи од Брисел како седиште на ЕУ и НАТО, потоа, нашиот стратешки партнер САД, како и регионалните сестрински партии во Словенија, Хрватска, Србија“.

„Ние не отидовме да се жалиме, или да изразуваме критики, туку и да понудиме нашите гледишта и решенија“, додаде Николоски. „Но, моравме и да изразиме загриженост за политичкиот прогон, како и за слабоста на економијата“.

„Ги кажавме и нашите позиции околу Законот за јазици. Сите знаат дека законот има свои недостатоци, и затоа и се нашите амандмани, за да го ставиме во рамките на Уставот, затоа што сега не е. Затоа моравме вака да реагираме, и сметаме дека тоа што го правиме е за да спречиме идни поделби“.

Тој повтори дека ВМРО – ДПМНЕ и понатаму не е соодветно информирана за преговорите околу името. Тој посочи дека, гледано од страна очигледно нешто не оди најдобро, затоа што македонските власти трчаат позади изјавите на грчките колеги.

„Заев на странците им го кажува тоа што сакаат да чујат, и во исто време тоа што се случува во Грција е симптоматично. Не смее да се има договор кој што ќе ги загразо нашите национални интереси. Ние сме против менување на Уставот, и сме секое решение да подложи на референдум“.

Николовски препозна дека сепак нема дилеми околу решителноста на САД и ЕУ, Македонија да стане дел од НАТО алијансата. „Ние ќе сме насјреќни ако и е добро на Макеоднија, ние ги замоливме и двајца лидери од ЕУ, да помогнат во нашите евроинтеграциски процеси“.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ