Наставници:„Животот за сите“ не се однесува и на нас

Директорите на скопските гимназии ќе ги задржат своите функции се додека надлежните институции не утврдат поинаку. Во меѓувреме градот Скопје најави разгледување на барањата на дел од професорите, кои преку отворено писмо до јавноста се пожалија на мобинг и заплашувања од  страна на првите луѓе училиштата кои се во овие фотељи уште од претходната власт.

„Јавното обраќање е нотирано од страна на градската администрација и сите наводи ќе бидат преиспитани од надлежните органи. Доколку се утврди незаконско неработење ќе се превземаат соодветни законски мерки.“

За професорите ова е недоволно. Го потсетуваат градоначалнокот на целиот ужасен период низ кој поминале изминатите години трпејќи разни форми на деградирања и притисоци. Парадоксот е што продолжувааат со истите методи, служејќи се со казни за сите наставници кои не се на иста линија со нив.

Ништо од ова велат наставниците, не е тешко да се провери. Подеднакво едноставно треба да помине и контролата на начинот на кој дел од овие директори ги злоупотребувале своите бенифиции, на пример можноста да отпуштааат и да вработуваат само врз основа на лична вољја, и секако партиска книшка.

Според професорите, особено е нелогично власта да очекува овие директори да ги спроведуваат постоечките реформи во образованието, бидејќи станува збор за истите инсталации кои и претходно уништувале се што е квалитетно во оваа сфера. „Ние се истрошивме, се вели во писмото на професорите чекајќи да се сетите и на нашиот дел од правдата , и за тоа сега бараме да се тргнат овие директори“. Сепак, именувањето нови според нив не треба да значи поставување кандидати од партиски списоци, туку луѓе со интегритет и знаење.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ