На државните службеници ќе им се исплати степенот на кариера

Владата се согласи да  го исплати степенот на кариера на илјадници државни и јавни службеници. На оние кои се решиле стекнато право на додаток да го остваруваат со тужба, ќе им се понуди спогодба со што ќе им се признае степенот на кариера што го добиле и тој ќе им се пресметува од наредната плата.

Ваквото решение уследи на барање на синдикатот на УПОЗ, откако голем број административци тужеа или најавија тужби бидејки не им биле давани оценки  или пак имале решенија за утврдено право, но тие никогаш не се реализирале. Од УПОЗ  очекуваат процедурите сега да се забрзаат и да се утврди временскиот рок кога спогодбите ќе се пуштат во администрацијата

Степенот на кариера се воведе во 2008 година согласно законот за државни службеници и подразбира оценување од А до Г со зголемување на вредноста на бодот од 5 до 20%. Иако целта беше награда и мотивација на вработните во администрацијата и јавниот секотр ваквата пракса беше прекината во 2014 со закон за администрација кој во себе не содржи мотивирачки одредби.

Од Министерство за администрација преземаат активности степенот на кариера да биде исплатен и најавија санкции за тие што го кочат процесот

Степенот на кариера да им биде исплатен на сите административни службеници кои исполнуваат услови за тоа, а веќе започнатите судски постапки да се завршат со судско порамнувања или спогодба. Доколку институциите прават притисоци врз вработените и не го исплаќаат степенот на кариера на тоа веднаш да се укаже до министерството за лицата кои тоа го прават бидат санкционирани.

Синдикатот добил уверување дека сите вработени во администрацијата ќе ги задржат своите работни места а доколку со анализа се утврди дека во некоја институција има превработеност, со согласност на вработените тие ќе бидат преземени од приватниот сектор.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ