МЗТ против Мега ја бара последната „сламка“ за спас во АБА-лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва од 20 часот и гостуваат на екипата на Мега Бемакс во рамки на 18.коло во АБА-лигата.

Овој натпревар е од голема важност за македонскиот првак, бидејќи е една од последните шанси да избори опстанок во регионалното натпреварување, односно да го избегне последното место на табелата на крајот од сезоната. Тимот од Сремска Митровица моментално има две победи повеќе од МЗТ, па со триумф нашиот шампион ќе ги зголеми шансите за опстанок.

Тренерот Жељко Лукајиќ и натаму има главоболки околу повредените кошаркари и моментално не може да смета на Дарко Соколов и Марко Симоновски.

На досегашните девет меѓусебни средби на овие две екипи, Мега има шест победи, наспроти трите на МЗТ. Сезонава во Скопје, Мега славеше со убедливи 92-76 на гостувањето во „Јане Сандански“.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ