Муслиу од Вардар во Приштина, па заврши во Шкендија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на тетовска Шкендија.

Младиот стопер минатото лето потпиша тригодишен договор со Вардар во кој играше стандардно изминатата есен. Сепак, откако се дозна дека тој потпишал аматерски договор, бил слободен да си замине во секое време.

Тој најпрво потпиша договор со екипата на Приштина од Косово, а во Шкендија доаѓа како позајмен фудбалер на шест месеци. Лидерот во Првата лига на лето ќе може целосно да го откупи неговиот договор од екипата на Приштина.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ