ММФ прогнозира раст од 2,8 отсто за Македонија за оваа година

Македонската економија годинава ќе порасне за 2,8 отсто, е најновата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд за земјава, објавена сега во Извештајот на Фондот за глобалните економски изгледи.

Ова е пониска прогноза од претходната на Фондот за земјава, која изнесуваше 3,2 проценти, а толкав пораст на економијата очекува и Владата.

За следната, 2019 година, Фондот предвидува дека земјава ќе достигне стапка на раст од 3 проценти, а во 2023 година се очекува економски пораст од 3,5 проценти.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ