Меѓународната заедница ветува милијарди помош за обнова на Ирак

Сојузници на Ирак се ангажираа денеска да обезбедат милијарди долари под формата на заеми и инвестиции и поддршка на обнова на државата по три години војна врз ИД.

Во третиот и последен ден од меѓународната конференција за обнова на Ирак во Кувајт, ветената помош достигна близу 25 милијарди долари. Багдад смета дека за обнова на државата му се потребни 88 милијарди долари.

Владината Национална инвестициска комисија објави список со 157 пороекти за кои се бараат пари на Меѓународната конференција за обнова на Ирак.

Велика Британија се ангажира со една милијарда долари годишно за кредити за 10 години. Турција – пет милијарди долари под формата на заеми и инвестиции, Саудиска Арабија вети денеска 1,5 милијарди долари за обнова на Ирак, Кувајт – две милијарди долари – една милијарда заеми и една милијарда инвестиции.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна полтика и безбедност Федерика Могерини вети поддршка од 400 милиони евра за хуманитарни проекти и проекти за развој. Париз ќе финансира и проекти за водоснабдување, енергетика и земјоделие преку француска агенција за развој.

Американски и други западни претставници наведоа претходно дека САД нема да учествуваат со средства на конференцијата, но ќе насочат инвестиции од приватниот сектор и сојузниците од Заливот. Американски претставник во Багдад прецизира дека на конференцијата ќе учествуваат 100 американски компании.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ