Македонија 2017 година ја завршува на 76.место на ФИФА-листата

Македонската фудбалска репрезентација 2017 година ја завршува на 76-тото место на ФИФА ранг-листата. Светската фудбалска федерација денеска го потврди огромниот скок на нашиот национален тим од 86 позиции, што ја прави Македонија со најголем скок во однос на позициите. Сепак, ФИФА напредокот го гледа според освоените рејтинг-поени, а нашата репрезентација во оваа категорија е на четвртото место зад Данска, Шведска и Боливија.

Оваа 2017 година го имавме и историски најлошото рангирање, кога бевме 166-ти на ФИФА-листата. Од тогаш почна и нашиот напредок, бидејќи годинава остваривме пет победи, три ремија и само еден пораз од Шпанија. Се очекува Македонија да го задржи 76-тото место и на следниот ранкинг, што ќе излезе во јануари 2018 година, поради фактот дека во овој период нема репрезентативни натпревари.

Помеѓу ТОП 10 нема промени.  Германија и натаму е лидер, пред Бразил и Португалија. Во првите десет уште се: Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ