Лидерот на германските социјалдемократи Шулц поднесе оставка

Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Мартин Шулц синоќа соопшти дека поднесува оставка на местото партиски лидер, и оцени дека е време за обновување на партијата. Раководството едногласно ја именувало претседателката на парламентарната група на СПД во Бундестагот, Андреа Налес, за негова наследничка. Но, таа ќе мора да го почека вонредниот партиски конгрес закажан за 22 април кој ќе треба да ја избере.  Потегот на Шулц беше очекуван, откако тој минатата недела, под притисок на своите сопартијци, се откажа од планот да ја извршува функцијата министер за надворешни работи во новата коалициска влада со конзервативците на Меркел. На изборите во септември, социјалдемократската партија, под водство на Шулц ги освоија најслабите изборни резултати по Втората светска војна.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ