КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020: МАКЕДОНИЈА ВО ГРУПА СО ИСЛАНД,ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА

Македонската машка ракометна селекција вечерва во Трондхајм ги дозна противниците на пат кон ЕП во ракомет што ќе се одржи 2020 година.Сениорите се најдоа во групата 3 во друштво на Исланд,Турција и на Грција.Македонија за прв пат во ждрепка од квалификациите настапуваше од првиот шешир и ги избегна најсилните селекции .Исланд како втор по ранг противник им беше ривал на ракометарите и во претходниот ЕХФ циклус.Преку баражот со Грција, сениорите во 2014 година изборија место на СП во Катар.Квалификациите за ЕП почнуваат во октомври.Двете најдобри од секоја група ќе изборат место на завршниот турнир.Домаќини на 14. Европски шампионатот се Норвешка,Шведска и Австрија.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ