Кумановка прпадничка на ИД убиена во Сирија

Во Сирија е убиена кумановка, прпадничка на групата Исламска држава. Веста ја потврдиле блиски роднини.

– Кумановката пред четири години заминала од дома, а подоцна се дознало дека таа се наоѓа во Сирија, во редовите на војската на ИД, пишува порталот Реалитети.

Досега, на боиштата во Сирија и Ирак убени се најмалку 15 лица од Македонија.

Инаку, во изминатите два дена косовските медуми јавија дека во Сирија се убиени и двајца Косовци, припадници на ИД, со што бројот на косовските државјани што ги загубија животите на боиштата на Блискиот Исток се искачи на 76.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ