Вести Култура

Културата е место каде меѓу Македонија и Бугарија нема разлики

Во време на затегнати политички односи меѓу Македонија и Бугарија , културата е место каде меѓу нас не постојат разлики , каде заедно можеме да го најдеме вистинскиот пат по кој треба да продолжиме напред. Ова е ставот на директорот на престижниот Национален театар од Софија „ Иван Вазов“, кој вечерва во рамките на завршницата на „ Скупифестивал“, ќе ја изведе претставата „ Орфеј“, чии инсерти од попладневната проба ги гледате.

  • Културата е место во кое ние немаме разлики. Тоа е место каде сите можеме да бидеме заедно и така да го најдеме вистинскиот пат по кој треба да продолжиме напред. Ние активно соработуваме со нашите колеги од Македонија и тоа ни отвора поголем хоризонт, во однос на тоа колку политичарите сакаат да ни дадат, изјави Васил Василев – директор на театарот „ Иван Вазов“ од Софија

Која е таа силата што го тера Орфеј да ја погледне Евридика, на излегувањето од адот и да ја загуби? Дали тоа е љубовта или сомнежот? Ова се прашањата на кои се обидува да одговори претставата, базирана на старогрчкиот мит за музичарот, поет и пророк Орфеј, но и врз документаристика од актерите.

  • Ние не се занимаваме толку со самиот мит за Орфеј и Евридика, кој им е многу познат на сите луѓе. Туку се занимаваме со човечките квалитети на Орфеј. Со таа заемна поврзаност меѓу животот и смртта и љубовта. И дали всушност љубовта не е самиот живот? Од почетокот до крајот и смртта, вели Дарин Ангелов- актер

Ова е авторски проект на словенечкиот режисер Јернеј Лоренци, носител на европската театарска награда „ Премио“ за 2017.

  • Тоа е во голем дел театар на импровизации. Јернеј постојано преку театарот го испитува личното. Според него , театарот треба да ја допре личноста, така што ќе ја промени и според нејзиниот светоглед да и раскажува на публиката. И цело време тој ни кажуваше дека всушност тоа што го правиме на сцената е еден заеднички простор со публиката, изјави Билјана Петринска- актерка

Претставата во која и музиката е актер, пристигна преку бугарскиот Културно – информативен центар во Скопје.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“

Дејан Дејан

Дали воведувањето на глобалниот данок од 15 отсто ќе ги испразни ТИРЗ зоните во земјава?

Дејан Дејан

Во Агенцијата за вработување чекаат работа над 600 магистри и дваесет доктори на науки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе