КОСТОВ СЕ РАЗДЕЛИ СО РЕНОВА,МЕГЛЕНСКИ НА КЛУПАТА КАЈ ПОБЕДА

На два дена пред реванш натпреварите од домашниот фудбалски Куп,екипата на Ренова остана без тренер,откако Влатко Костов поднесе оставка.Привремено, прволигашот од Тетово ќе го водат помошниците на Костов,Аргон Мемеди и Куштрим Абдулаи.Во утрешниот реванш натпревар од Куп полуфиналето,Ренова ќе ја пречека Шкендија.На вториот дуел, Академија Пандев е домаќин на Пелистер.1-1 заврши првиот меч меѓу тетовските екипи,Пелистер има предност од 2-1 со Академија Пандев.

Денеска промена на кормилото кај Победа.Тони Мегленски е четвртиот тренер кој оваа сезона ќе го предводи поранешниот шампион од Прилеп, откако денеска од клубот си замина Слободан Крчмаревиќ.Претходно екипата ја водеа Зоран Штерјовски и Славољуб Бубања.Мегленски ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Првата македонска лига.Победа е на 8 место со само бод повеќе од фенерџиите Пелистер и Скопје.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ