Кошаркар на Пелистер, двајца полицајци и спортски работник повредени од хулигани на спортски терен

Полицијата соопшти дека 4-ца, меѓу кои кошаркар и двајца полицајци се повредени од навивачи на кошаркарскиот клуб Шкупи вчеравечер на мечот од првата лига Пелистер-Шкупи-Пелистер, игран во Чаир.

Хулиганите кои ги нападнале играчите на Пелистер втрчале на теренот по завршувањето на натпреварот.

-По завршување на натпреварот, од трибините каде што биле навивачите на домашниот клуб, била фрлена петарда кон клупата каде што седеле играчите на кошаркарскиот клуб „Пелистер“, кои потоа возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“. Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“ ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи  од КК „Пелистер“, соопшти МВР.

Во инцидентот се повредени двајца полицајци кои поголем инцидент, гостински кошаркар на Пелистер и и техничкиот раководител на битолскиот клуб.

Истрага за инцидентот води јавен обвинител.

Натпреварот го доби Пелистер на гости со 86:81, а според официјалните податоци во салата Шабан Трстена во Чаир имало околу 400-тини гледачи. Пелистер сега има 3 победи, а Шкупи две и се наоѓаат на дното на табелата на Првата кошаркарска лига.

М.С.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ