КОД: Нов доказ во полза на доживотни осуденици 13 години лежи во судско досие

Доказ кој можел да им помогне на двајца затвореници на доживотна казна, осудени за две убиства, цело време бил во судско досие и покажува дека тие не биле вмешани во едно од убиствата за кое се прогласени за виновни, открива КОД во вечерашното издание.

Станува збор за кичевскиот случај, а еден од двајцата доживотни затвореници, Игор Мирчески, пред три недели се самоуби во затворот Идризово.

Со вториот осуденик, Анте Ристоски разговараше екипата на КОД која беше во посета на деветото затворско крило во Идризово каде доживотна казна затвор издржуваат 37-мина осуденици.

Станува збор за затвореници осудени на најтешки и најгрозоморни убиства. Најстариот доживотен има над 70 години, најмногу лежи 45-годишник од Гостиварско, осуден за убиство на полициски инспектори, а во Идризово е од 1997-ма година.

За истрагата за кичевскиот случај со убиството на три жени и еден маж во кои се вплеткани и судбината на новинарот Владо Танески, кој мистериозно се самоуби во кофа со вода и судбината на затвореникот Анте Ристоски кој пред камерата сведочи како полицијата го тепала за да признае убиство кое не го сторил, гледајте повеќе во емисијата КОД веднаш по вечерните вести на Телма во 19:15 часот.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Македонска врска во шемата на СЦЛ и Кембриџ-аналитика за кампањата на Трамп

Како македонски министер се најде во шемата на Кембриџ Аналитика, која е обвинета за помош на Трамп при освојувањето на претседателската позиција во Белата Куќа. Код во своето вечерашно издание...

КОД Истрага за загинатите планинари на Кајмакчалан

https://www.youtube.com/watch?v=99wt8aQE8eI&feature=youtu.be

КОД Самоубиства во затвори и убиствата во Кичево (04-02-2018)

КОД: Досието за Владо Танески и мистериозното самоубиство во кофа со вода ќе се најде и во Стразбур

Адвокати на двајца доживотни осуденици преку судот во Стразбур го бараат досието за Владо Танески, новинарот осомничен за убиство на најмалку две жени пред една деценија кој во мистериозни околности,...

КОД – Убиецот на Мартин и насилствата помеѓу малолетници