КОД: Досието за Владо Танески и мистериозното самоубиство во кофа со вода ќе се најде и во Стразбур

Адвокати на двајца доживотни осуденици преку судот во Стразбур го бараат досието за Владо Танески, новинарот осомничен за убиство на најмалку две жени пред една деценија кој во мистериозни околности, во кофа со вода се самоуби во тетовскиот затвор.

Код во своето вечерашно издание открива дека ниту еден суд не го дал досието на адвокатите на двајца осудени за убиство од 2003-та за кое можен осомничен е токму Танески. Но мистеријата ја продлабочи уште едно самоубиство, кичевчанецот Игор Мирчески само две недели по апликацијата во судот во Стразбур изврши самоубиство во павиљонот Ц во Идризово каде се сместени доживотните затвореници.

КОД во вечерашното издание открива како се одвивала истрагата за серијата убиства и исчезнувања на кичевски жени во период меѓу 2003-та и 2008-ма.

Во најголемиот затвор Идризово, годишно има најмалку по едно самоубиство. Емисијата Код е веднаш по вечерните вести  на Телма, во 19:15 часот.

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.