Ќе се деарсенизира водата во гевгелискиот водовод

Гевгелија ќе го деарсенизира бунарското подрачје кај Моин. Бунарите за кои што изминативе години многупати се издаваше забрана за користење на водата во домаќинствата поради преголемата концентрација на арсен во водата, повторно ќе се пуштат во употреба откако ќе се неутрализира арсенот во нив.

Ова е планот на општина Гевгелија којашто во меѓувреме буши нови бунари за снабдување на градот со чиста вода. Два нови извори се градат кај вардарското бунарско подрачје со заем од Светската банка и со грант од Ипа фондовите.

Градоначалникот на Гевгелија вели дека ќе се обидат да обезбедат средства преку грантови и за реализација на овој проект, за да не се оптеретува општинскиот буџет.

Според проценките на општината деарсенизацијата на бунарите кај Моин ќе чини околу половина милион евра.

 

Сузана Мицева

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ