Интервју со Горан Ников

12 October, 2017 - 10:50
инсајдер

НОВОСТИ ОД ИНСАЈДЕР ...

читајте редовно

Интервју со Горан Ников

Горан Ников е еден од најмладите актери во екипата која што го снимаше Инсајдер. Тој во серијата го игра ликот на младиот новинар Дејан. Целото снимање на оваа серија за него беше едно големо и ново искуство. Со Горан зборувавме за тоа како се снајде во ова за него ново искуство и други занимливости од Инсајдер.

Инсајдер: Какво беше твоето искуство на сет?

ГН: На почетоците се‘ ми беше уште ново, но со текот на снимањето цела екипа се претвори во една заедница на вредни „мравки“ и сите функциониравме феноменално.

Инсајдер: Која е најдобрата/најлошата особина која ја има твојот лик?

ГН: Дејан е најмладиот новинар во редакцијата, па затоа се труди да се докаже во професијата и секогаш ги истражува и работи „поопасните“ теми за неделникот. Во добри односи е со сите колеги, но понекогаш го повредува односот на неговите претпоставени кон него.

Инсајдер: Кој е најголем број пати што повтори една сцена?

ГН: Обично големите сцени во кои што учествуваме сите ги повторувавме по повеќе пати поради технички причини, раскадрирање, динамика и сл. Јас лично ќе ја памтам сцената со Горан Стојановски, сцена од 2 минути ја снимавме доста долго, но без нервози, почнав да се смеам и не можев да ја довршам сцената

Инсајдер: Колку гледачите ќе најдат сличности од секојдневието во секоја од епизодите? / Која е главната порака која оваа серија ја испраќа на македонската јавност?

ГН: Во секоја епизода гледачите ќе препознаат светски и локални актуелности, скандали, сериозни животни стории и интриги во приватниот живот на новинарите. Гледачите ќе се запознаат со животот на една новинарска редакција и ќе видат дека покрај приватните проблеми (што ги има секој човек) новинарите се изложени и на многу посериозни опасности, од самиот државен врв па се до најниските слоеви на државата.

Инсајдер: Порака за крај

ГН: ГЛЕДАЈТЕ „ИНСАЈДЕР“!

Веста е прочитана 766 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.