Интервју со Ѓорѓи Нешкоски

19 October, 2017 - 10:38
инсајдер

НОВОСТИ ОД ИНСАЈДЕР ...

читајте редовно

Интервју со Ѓорѓи Нешкоски

Ѓорѓи Нешкоски успеа одлично да се снајде во улогата на младиот и темпераментен новинар на Инсајдер - Александар.Успешното доловување на ликот бараше од него голема работа. Се снимаше навистина долго и со исцрпувачко темпо. Покрај текот на снимањето Ѓорѓи во ова интервју зборува за уште многу други интересни детали поврзани со Инсајдер.

Инсајдер: Какво беше твоето искуство на сет?

ЃН: Убаво и големо искуство за мене. Со оглед на тоа што работевме со навистина брзо темпо, една епизода на ден и вкупно 26 епизоди за неполн месец, беше навистина исцрпувачки. Задоволство е да се работи со вистински професионалци, какви што беа сите во екипата на овој проект.

Инсајдер: Којa e најдобрата/најлошата особина која ја има твојот лик?

ЃН: Позитивните особини кои ги поседува се директноста и искреноста. Го зема тоа што го сака. Добро му оди со жените и живее брз младешки живот. Негативните се пак последниците од позитивните особини.

Инсајдер: Омилена реплика?

ЃН: Ништо не е готово, додека не е готово- Аристотел

Инсајдер: Кој е најголем број пати што повтори една сцена?

ЃН: Мислам дека 6 пати. Пред нејзе, беше сцена која се повторуваше 11 пати

Инсајдер: Колку гледачите ќе најдат сличности од секојдневието во секоја од епизодите?

ЃН: Гледачите ке ги препознаат сличностите многу брзо, поточно ќе го препознаат она што им се случуваше во нивното секојдневие. Дел од публиката ќе препознае работи на кои биле сведоци, директно или индиректно. Темата на серијата се политичките состојби од нашето блиско минато, набљудувани низ призма на еден медиум кој се труди да ја открива и објавува вистината на своите читатели.

Инсајдер: Порака за крај?

ЃН: Гледајте Инсајдер на Телма!

Веста е прочитана 2464 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.