Интервју со Габриела Петрушевска

10 October, 2017 - 15:13
инсајдер

НОВОСТИ ОД ИНСАЈДЕР ...

читајте редовно

Интервју со Габриела Петрушевска

Улогата на репортерка во Инсајдер ја толкува прекрасната Габриела Петрушевска. Оваа талентирана актерка успеа одлично да го долови ликот на Мирела.
Ние разговаравме со Габриела за текот на снимањето и за нејзиниот лик. Покрај тие детали ние дознавме и за многуте сличности што серијата ги има со нашето секојдневие кои останува на нас да ги препознаеме.

Инсајдер: Какво беше твоето искуство на сет?  

ГП: На сетот на Инсајдер имаше талентирана актерска екипа, ангажирана и исполнителна екипа во сите сектори, режисери кои умеат и постигнуваат, кафе, кафе, кафе, кафе и одлични спаринг партнери пред камера.

Инсајдер: Која е најдобрата/најлошата особина која ја има твојот лик?

ГП: Најдобра детерминираност, а најлоша субјективност.

Инсајдер: Омилена реплика?

ГП: Реплика која најточно резонира со состојбата на Мирела би била една кратка : „Стварно ми треба кафе и тишина“.

Инсајдер: Кој е  најголем број пати што повтори една сцена?

ГП: Да, има една таква. Не знам, не броев, но сигурно еден мал милион пати.

Инсајдер: Колку гледачите ќе најдат сличности од секојдневието во секоја од епизодите?

ГП: Многу сличности. И треба да ги препознаат. Општествено политичката рамка во која егзистира Македонецот денес, сите прашања кои го засегаат, сите лични мотиви кои го движат Македонецот во денот се фино протнати во сторилајнот на оваа група новинари. Мислам дека имаме интелигентно спакуван телевизиски продукт. Се она што се случува во Македонија сега и овде и во едно блиско наше минато има огледален одраз во концептот на Инсајдер. Зависи само од која страна на огледалото ќе застанеме. Тоа е веќе избор. Па мислам дека се се сведува на едно нешто - Треба да не бидне веќе. Време ни е !

Инсајдер: Порака за крај?

ГП: Гледајте " Инсајдер" на телевизија Телма. И јас ќе гледам. И јас сум љубопитна.

Веста е прочитана 716 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.