Македонија

07.01.2013

ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАСКЕНБАЛ ГО ОДБЕЛЕЖА ПРАЗНИКОТ ВО ТЕТОВО

slika

И годинава традиционално чествувањето на Бадник во Тетово, синоќа го започнаа децата. Тие маскирани одејќи по тетовските семејства од врата на врата во групa од неколкумина, ја пееја познатата песна Бдња Баба а за возврат од домаќинките добиваа пари, костени, ореви јаболко. Подоцна во предвечерието на Божик младите и повозрасните со духовити и инвентивни маски го продолжија ваквиот начин на празнување. Кловнови, филмски ликови ,војници, цела вечер поминуваа низ тетовски улици, а кафулињата беа претесни да ги примaт сите учесници на маскенбалот, дојдени од Македонија, но и надвор од нашата држава.


Ваквото празнување е продолжение на паганските обичаи. Пред дваесетина години се маскирале само децата, но оваа традиција ја презеле и повозрасните. Тие сметаат дека маскенбалот во иднина треба да биде поорганизиран, да има дефиле низ главните булевари или пак избор на најдобра маска. Сето ова треба да биде поддржано од локалната, но и од централната власт како што е случајот со другите маскенбали и карневали.

Синоќа во пресрет на Божик масовно и забавно беше и низ тетовксите маала каде се палеше бадникарскиот оган, а со посна трпеза се чекаше христовото рождевство.

[ Зоран Димовски ]
 

ОСТАНАТИ СОДРЖИНИ ОД Македонија

слика МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ИСЧЕЗНАТИ ДЕЦА - ВО МАКЕДОНИЈА СЕ БАРААТ ЧЕТИРИ ДЕЦА
Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на исчезнати деца, воведен во 1983 година во знак на сеќавање на децата кои се исчезнати и на тие кои се повторно вратени кај своите семејства. Целта е да се подигне свеста за овој глобален проблем. ...
слика ДВАЈЦА ХОЛАНЃАНИ СЕ ИЗГУБИЈА ВО БАБА ПЛАНИНА
Двајца холандски  туристи денеска заталкаа на падините на Баба Планина, а од Дирекцијата за заштита и спасување трагаат по нив. ...
слика ДЕЛОТО НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ СЕ ТУРКА ВО ЗАБОРАВ?
Кирил и Методиј како основоположници на писменоста на овие простори имаат огромно значење за македонската историја и навистина е жалосно што денешниот празник не се одбележува со голем пиетет. Денеска можете да заклучите дека е празник само по тоа што луѓето не одат на...
слика МИНИСTЕРОТ ЏАФЕРИ НЕЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА СТАНДАРДОТ НА ВОЈНИЦИТЕ?
Синдикатот на професионалните војници денеска повторно ја алармираше јавноста дека војската едвај има основни услови за функционирање и посочи дека министерот за одбрана Талат Џафери и натаму одбива да разговара со нивни претставници. Овој синдикат пред еден месец...
слика ТРОЈЦА МАТУРАНТИ ПОВРЕДЕНИ НА ПАТОТ НЕГОТИНО - КАВАДАРЦИ
Петмина матуранти преживеаја сообраќајна несреќа на патот Неготино - Кавадарци кога дојде до директен судар на две возила. Несреќата се случила рано утрово, а од полицијата велат дека тројца од матурантите се здобиле со полесни повреди. Како причина за несреќата се...
слика ПЕДЕСЕТ КАЈАКАРИ ТРГНАА ОД ВЕЛЕС КОН ЕГЕЈСКОТО МОРЕ
За четири дена 50 кајакари од повеќе европски земји ќе го поминат Вардар од Велес до вливот во Егесјкото Море. Тие веќе имаат искуство да веслаат по реката бидејќи ова е трет пат како се одржува кајакарската регата, и со задоволство учествуваат на неа. ...