Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски на судење за „Траекторија“

Почна рочиштето за предметот „Траекторија“. Во судот дојдоа сите обвинети, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Судот го одби барањето на одбраната и дозволи снимките од прислушуваните разговори да се користат како доказ.

Четворицата се осомничени дека ја злопотребиле службената положба во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Со тоа му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ