ГЕРМАНИЈА Е ВОДЕЧКА ПОСЛЕ 1.ДЕН ОД ЗОИ ВО ПЈОНГЧАНГ

Заврши првиот ден од зои во Пјонгчанг со натпревар во ски скокови на помалата, 109 метарска олимписка скокалница.Победи Андреас Велингер кој со 104,5 и 113,5 метри во двете серии и го донесе вториот златен медал на Германија.Велингер ги остави зад себе норвежаните Јохан Андре Форфанг и Роберт Јохансон.Претходно 23 Зимски игри почнаа извонредно за Шарлоте Кала.Нордијката од Шведска победи во скиатлон на 15 километри,комбинација на скијачко трчање во слободен и класичен стил.Шарлоте Кала ја порази Марит Бјорген носителка на златни медали од претходни две олипмпијади во дисциплината .Норвежанката беше побавна за 7,8 секунди .Бронзениот медал заврши кај Криста Пармакоски од Финска,светската вицешампионка од Лахти.
Лаура Далмејер од Германија се избори за златен медал во биатлон,спринт на 7 и пол километри,пред норвежанката Мате Олсбу и Вероника Виткова од Чешка.Поделени беа првите сетови медали и во брзо лизгање.На кратки патеки во машка конкуренција на 1500 метри,триумфираше домашниот натпреварувач Хојум Лим,пред холанѓанецот Сјинки Кнег и Семен Елистратов кој се натпреварува под неутрално знаме поради суспензија на Рускиот олимписки комитет.Во женска конкуренција заврши трката на 3000 метри со целосна доминација на холанѓанките кои ги освоите првите три места..Победи Карлин Ахтерехте ,сребрениот медал го освои Ирен Вуст а бронзениот Антоанете Де Јонг.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ