Франција ја освои бронзата на ЕП , Данска заминува без медал

Франција го освои бронзениот медал на Европско ракометно првенство во Хрватска и го повтори успехот од 2008 година во Норвешка.

Во утешното финале што се играше во загрепската „Арена“, актуелниот светскиот првак беше подобар од олимпискиот шампион Данска 32:29 (17:14). Ова беше реванш на Французите за поразот во финалето на Олимписките игри во Рио.

Никола Карабатиќ со девет голови беше најефикасен во редовите на „Триколорите“ и на крајот го понесе признанието за играч на натпреварот, додека кај Данците, а воедно и на натпреварот со 12 постигнати гола најефикасен беше Ханс Линдберг.

На континенталниот собир остана да се одигра уште еден меч за титулата. Шпанија и Шведска ќе се борат за златото во петто финале за двете репрезентации закажано од 20 часот и 30 минути со директен пренос на ТВ Телма.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ