Димитров – Нимиц –  Коѕијас пет часа ги пеглаат разликите во спорот за името

Во Виена веќе пет часа се одвиваат преговорите меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Гриција за надминување на спорот за името, со посредништво на Метју Нимиц. На средбата која започна утрово околу 10 часот и синоќа и претходеше тет-а-тет средба меѓу двајцата министри. Но ниту една од страните н лиферува никакви информции а тоа што било разговарано вчера, ниту како течат денеска преговорите. Средбата Димитров – Коѕијас – Нимиц се држеше во голема тајност до самото одржување.

Новата рунда разговори која за првпат е издигната на министерско ниво, претходно беше оценета вистинскиот почеток на преговорите, бидејќи на неа ќе се се влезе во суштината на преговарачкиот процес за постигнување на взаемно прифатливо решение, а не само размена на позициите на двете страни.

Во пресрет на преговорите во Виена од Грција вчера стигна потврдување на нејзините црвените линии. Таа преку премерот Алексис Ципрас вчера соопшти дека за Атина рамката што гарантира затворањето на проблемот е сложено име за севкупна употреба – исто за домашна и за меѓународна, што би се гарантирало со промена на македонскиот устав. проследено со уставна промена.

Решението не може да биде друго од едно сложено име што ќе важи за сите, за севкупна употреба. Нешто за што секако, предуслов е и уставна промена, за името навистина да биде ерга омнес, односно за севкупна употреба. Не може да биде една употреба надвор, а друго да биде името во Уставот. Секако предуслов е и повлекување на секаков сомнеж за иредентизам. Ова е единствената рамка што го гарантира решавањето на проблемот и поминување во нова ера за целиот Балкан, далеку од национализмот, фанатизмот и нетолеранцијата“, изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција.

Македонија пак во изминативе две недели за првпат соопшти дека за неа е прифатливо име со географска одредница, но и јасно кажа дека за јазикот и идентитетот нема да преговара и дека за неа не е прифатливо ниту промена на Уставот.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ