Димитров и Коѕијас по средбата со Нимиц: Напорите за наоѓање на решение за името ќе продолжат под покровителство на ОН

Денеска, во канцеларијата на ОН во Виена, личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, имаше заедничка средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

По конструктивната средба која е дел од напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името, Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ