Делови од Македонија непроодни и без струја

Делови од Западна Македонија без струја, на северот отсечени села, и одрони на патиштата. Обилентие врнежи на дожд и снег повтрно прават проблеми со снабдувањето со струја. И втора лавина на одрон на снег изутринава кај манстирот св. Јован Бигорски го отсече патот и ја отженува работата на екипите на ЕВН да ја вратат струјата. Општина Маврово-Ростуше од синоќа е во мрак.

Главните дефекти се 30 киловатен далековод кој го урнисал лавина снег.  Причина за долгото справување со дефектот, според австриската компанија ЕВН е непристапниот терен и лошите временски услови

Струјата ја запре и водата, бидејќите на препумпните станици им е потребна електрична енергија, па така без вода е општина Струга и населените места. Од центарот за управување со кризи информираат дека машините на Македонија пат, веќе се на терен и ги пробиваат патитшата до најотсечените населени места.

„Во општина Кавадарци, Македонија пат интервенира со механизација. Помали одрони евидентирани се на патот кон с.Фариш и месноста Катуниште. Патниот правец кој води кон селата Танушевци, Малино и Брест во Скопскиот регион е непрооден и истите населени места од утрово се без електрична енергија.“

Камионите да не тргаат на пат кон Струга и Ќафасан, а забрана има кон Маворово Дебар. Од УХМР измериле дека овој феруари за разлика од ланскиот водосотсјот на сите реки е зголемен, а се следи ситуацијата од можни излевања.

 

Павле Беловски

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ