Давитков го изостави Антиќ, ги повика Трајковски и Симоновски

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков го објави поширокиот список од 23 играчи на кои ќе смета за вториот прозорец во претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Во изборот на селекторот Давитков го нема Перо Антиќ, а ги повика Лестер Бо Мекејлеб и Бојан Трајковски кој поради повреда ги прескокна првите два меча против Словачка и Швајцарија. Исто така на поширокиот список во националниот тим го врати и Марко Симоновски откако не беше дел од двете победи во ноемврискиот циклус.

„Црвено жолтите“ во овој прозорец ќе одиграат само еден меч на домашен терен. На 25 феврари во „СЦ“ Јане Сандански ќе гостува Словачка која на првата пресметка во гости беше совладана со 74:66.

Македонија е лидер во А групата со две победи од исто толку натпревари пред Словачка и Швајцарија, двете со по еден пораз.

Поширок список:

  1. Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)
  2. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
  3. Александар Костоски (БЦМУ Питешти)
  4. Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)
  5. Адем Мекиќ (Куманово)
  6. Бобан Стајиќ (Куманово)
  7. Андреј Магдевски (Гостивар)
  8. Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
  9. Димитар Караџовски (Куманово)
  10. Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
  11. Диме Тасовски (Гостивар)
  12. Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
  13. Марко Симоновски (МЗТ Скопје Аеродром)
  14. Кирил Николовски (Работнички)
  15. Ѓорѓи Чековски (Работнички)
  16. Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
  17. Бојан Крстевски (Работнички)
  18. Александар Штерјов (Куманово)
  19. Марјан Јанески (Куманово)
  20. Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
  21. Ричард Хендрикс (Галатасарај)
  22. Лестер Бо Мекејлеб (Сарагоса)
  23. Џордан Теодор (Армани Милано)
Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ