Бугарија пресилна, Македонија и следната година во Третата европска група

Македонската тениска репрезентација не успеа да обезбеди финале на турнирот во Пловдив во рамките на третата Европска група од Дејвис купот. Домаќинот Бугарија беше поуспешен од нашиот национален тим со 3:0 во третото последно коло и по третиот триумф го обезбеди првото место во А групата.

Горазд Србљак беше поразен во првиот сингл од Александар Лазов кој славеше во два идентични сета со по 6:1 за 70 минути игра. Ништо подобро не мина и вториот меч, во  кој првиот македонски рекет Димитар Грабул исто така со максимален резултат на двапати со по 6:2 за помалку од еден час игра беше совладан од Димитар Кузманов. Во дубл, Србљак и Стефан Мицов загубија од Адриан Андреев и Васко Младенов повторно во два сета со 6:4 и 6:3.

По двете победи над Исланд и Албанија, Македонија обезбеди опстанок и следната година ќе се натпреварува во третата Европска група од Дејвис купот.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ