Бомбастичен трејд во НБА: Блејк Грифин замина во Детроит

Лос Анџелес клиперс го трејдуваа својот најдобар кошаркар Блејк Грифин во редовите на Детроит пистонс. Оваа вест дојде како шок за фановите на НБА, бидејќи се случи како „гром од ведро небо“.

Покрај Грифин во Детроит одат и Брајс Џонсон и Вили Рид, додека во спротивен правец во Лос Анџелес ќе пристигнат Бобан Марјановиќ, Тобијас Херис и Ејвери Бредли. Клиперс дополнително ќе добијат по еден пик од првата и втората рунда на идниот драфт.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ