Бизнисот ќе преземе административци, но под кои услови?

Идејата на Владата, приватниот сектор да го преземе вишокот вработени во администрацијата, за бизнисмените е добра во теорија, но тешка за реализација. Сметаат дека потребите на компаниите се далеку покомплексни од тоа што како кадар го има јавниот сектор ниту пак дека административците би се согласиле на владината идеја.

„Не мислам дека ваквата идеја ќе најде некоја примена. Потребите се далеку од тоа што може да го понуди аминистрацијата. На приватниците им требаат сертифицирани правници а не општи економисти.Ако приватникот инветсира ќе вложи од почеток а не во готов кадар“, кажа Горан Рафајловски стопанственик

„Повикуваме сите што седат дома а земаат плата, државата да не ги остави на цедило туку да ги вработи кај нас, ни треба работна сила. Колку се поквалификувани толку подобро. Таму се претежно високообразовани спремни сме да ги преквалификуваме“, смета Зоран Витанов асоцијација на менаџери ТЕЛ.

Преодно решение за неефикасната и превработена администрација според Рафајловски може да биде и отпремнина за младите луѓе со претприемнички дух.

Подобра идеја е да се најде начин да ги обештети, да почнат свој бизнис или работа соодветна на квалификацијата, да им се овозможат кредити, така е најдобро додека не сфатиме дека одредени административци ни се комплетно вишок, додава Рафајловски.

Министерството за администрација се уште анализира дали и колку луѓе се вишок колкави ќе бидат импликациите врз буџетот  и начинот на кој ќе се поддржи трансферот на вработени. Уверуваат дека евентуалното преземање ќе биде направено со согласност на работниците и гаранции од работодавачот за сигурноста на работното место. Синдикатот смета дека работниците ќе бидат заинтересирани да заминат ако платата во приватниот сектор е поголема. Потребна е преквалификација на работникот на сметка на државата, субвенции за фирмата преземач и гаранција дека работното место ќе му трае до пензионирање. А доколку работникот не сака да си оди од државните јасли, велат од УПОЗ тој ќе си остане на старото работно место. Ваквите ставови за дел од бизнисмените се нереални за пазарно општество во кое никој на никого не може ништо да му гарантира.

„Да се прашаат работниците кои компетенции ги имаат и се дури се лесно заменливи никој не можќе да им гарантира. Живееме во конкурентно општетсво, зошто на Застава никој не и гарантираше дека Југо вечно ќе се продава“, додава Витанов

Анализите на Асоцијацијата на менаџери говорат дека во администрацијата вишок се 30 % од вработените, а стопанството има потреба од 80 000 работници.

Апелираат преземањето на работниците да се реализира низ дијалог, бидејки ако државата  се однесува како тутор, ќе страда економијата.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ