Штип формира солидарен фонд

Штипската локална власт ќе формира солидарен фонд, по случајот со седумгодишната Валерија Зафировска, која во Истанбул беше оперирана поради тумор на мозок, да се врати во училишната клупа. Ова девојче пред три месеци ги крена на нозе граѓаните и институциите, кога беа потребни околу 40.000 евра за итна операција. Средствата се сообраа за неколку дена, а денеска почна постапката за формирањето на фондот.

Новинари, советници, претставници на невладиниот сектор се дел од Управниот одбор на Солидарниот фонд, кој ќе биде формиран како Фондација.

Средствата кои ќе се собираат ќе бидат донирани на лица, без разлика на возраста, на кои им е потребна итна операција во странство и не се покриени од Фондот за здравствено осигурување.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ