1. Светската рекордека Пола Редклив промоторка на Скопскиот маратон

Улиците на главниот град по 14-ти пат ќе бидат домаќини на Скопскиот маратон. Најочекуваниот спортски атлетски настан во Македонија, овој пат ќе се одржи на 6 мај. Од година во година Скопскиот маратон ја зголемува својата репутација, а овогодишното издание ќе биде збогатено со присуството на британската атлетичарка Пола Редклив, која е актуелна светска рекордерка во маратон. Таа ќе ја има улогата на официјален промотор на маратонот. Досега се пријавени околу 4.000 учесници од 47 земји, но организаторите годинава очекуваат рекорден број на учесници и да биде надмината ланската бројка од 9.000 маратонци.

Во недела на 1 април во Скопје на булеварот Илинден по шести пат ќе се одржи и Авицена женската трка на 2 километри. Досега се потврдени 1.600 учеснички, а пријавувањето е отворено уште денеска.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ